Oд продуцентите на филмовите „Џеки“ (Jackie), „Под лупа“ (Spotlight) и „Тони Ердман“ (Toni Erdmann) и режисерот на филмовите „Глорија“ (Gloria) и „Непослушност“ (Disobedience), а во соработка со дистрибутерската куќа Fox Vision од Белград, Србија, ви најавуваме

Филмска проекција на „Фантастична жена“

10 декември 2018

20:00 часот (104 минути)

Кино Милениум

Билетите се бесплатни

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, по повод Меѓународниот ден на човековите права, организира премиерна проекција во Македонија на чилеанскиот филм „Фантастична жена“, овогодишниот добитник на Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, ставајќи акцент на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат трансродовите луѓе.

Како до билети?

НАПОМЕНА: Билетите се достапни на принципот „прв дојден, прв услужен“.

Бесплатните билети можете да ги подигнете на билетарницата на градско кино МИЛЕНИУМ. Капацитетот на киносалата е 510 седишта. Со оглед на тоа дека станува збор за еднократна филмска проекција, ве молиме подигнете ги билетите навреме.

Градското кино МИЛЕНИУМ е лоцирано на првиот кат во Градскиот трговски центар. Работното време на билетарницата е секој работен ден од 14:00 до 22:00 часот и викенди од 10:30 до 22:30 часот. Телефон за контакт: +389 2 3120 389.

За филмот

Приказна за Марина, келнерка и пејачка, и Орландо, постар маж, кои се заљубени и ја планираат иднината заедно. Откако Орландо ненадејно се разболува и починува, Марина е принудена да се соочи со неговото семејство и општеството, и повторно да се бори како би им покажала која е таа: комплексна, силна, директна, фантастична.

Сиже: Некаде во Сантјаго (главниот град на Чиле) во слабо осветлен ноќен клуб, им се сретнуваат погледите на Орландо, љубезен и богат сопственик на текстилна компанија и Марина, надежна пејачка и речиси двојно помлада љубов на неговиот живот. Но, за жал, по прославата на роденденот на Марина и страстната ноќ помината заедно, на Орландо сериозно му се влошува здравствената состојба - и до утрото - тој умира во болница. Соочена со прераната смрт на нејзиниот партнер, Марина наскоро ќе сфати дека, од сега па натаму, сѐ се доведува во прашање: нејзината инволвираност во смртта на Орландо, нивната неконвенционална врска; и пред сè, нејзиното право да го оплакува својот починат сакан. На крајот, што е злочинот на Марина; кое е тоа толку грозноморно дело што би ја лишило оваа фантастична жена од нејзината почит, нејзиното достоинство и, конечно, нејзиниот идентитет?

Дали знаевте?

Она Т во акронимот ЛГБТ+ се однесува на трансродовите луѓе.

Трансродовите луѓе се луѓе чиј родов идентитет или родова експресија се разликува од родот што се претпоставувал за нив кога биле родени, базирано на биолошкиот пол (анатомијата на репродуктивниот систем на една индивидуа и секундарните полови карактеристики). „Транс“ често се користи како кратенка за трансродови. Кога се раѓаме, докторот вообичаено одредува дали сме машко или женско врз основа на тоа како изгледаат нашите тела. Повеќето луѓе кои биле етикетирани како мажи при раѓање, навистина се идентификуваат како мажи, а повеќето луѓе кои биле етикетирани како жени при раѓање, израснуваат во жени. Но родовиот идентитет на некои луѓе - нивното внатрешно спознавање за тоа кои се - е различен од оној првично претпоставен кога биле родени. Повеќето од овие луѓе се опишуваат себеси како трансродови.[1]

Според редовниот годишен извештај на организацијата Transgender Europe од мониторингот на убиства на транс-луѓе објавен во 2018-та[2], помеѓу 1 октомври 2017 година и 30 септември 2018 година, пријавени се 369 убиства на транс и родово-различни луѓе на глобално ниво. Од пријавените убиства низ целиот свет, мигрантите и сексуалните работници го сочинуваат мнозинството од жртвите.

Вкупно 2982 транс и родово-различни луѓе биле пријавени за убиени во 72 земји помеѓу јануари 2008 и септември 2018 година. Мигрантите сочинуваат голем број од пријавените убиства во Европа. Од 139 пријавени убиства во Европа, една третина од жртвите биле мигранти. А, од пријавените убиства на транс и родово-различни луѓе чии професии биле познати, на ниво на целиот свет, 62% биле сексуални работници.

Настанот се организира со логистичка поддршка од градско кино МИЛЕНИУМ.
Огромна благодарност до сите наши партнери за нивниот придонес.

Ве покануваме на македонската
премиера на чилеанскиот филм
„Фантастична жена“ на 10.12.2018
во градско кино Милениум
со почеток на проекцијата во
20 часот. Билетите се бесплатни.
ПОВЕЌЕ ИНФО »