Во рамките на културната манифестација „Недела на современиот израелски филм“ од 3 до 7 декември 2018 година, ви најавуваме

Филмска проекција на „Слаткарот“

6 декември 2018

20:00 часот (105 минути)

Кинотека на Македонија

Билетите се бесплатни

После проекцијата на филмот ќе се одржи получасовна модерирана дискусија за „квир-темите во македонската филмска продукција“ со Шалом Константино и режисерите Ана Јакимска, Игор Иванов - Изи, Вардан Тозија и Даријан Пејовски, а улогата на модератор ќе ја има новинарот Васко Маглешов. Некои од прашањата кои ќе ги поразговараме со гостите се: Зошто македонските режисери срамежливо или воопшто не ги допира квир кинематографијата? Дали постојат и во кои македонски филмови на суптилен начин или на микро ниво се разработува тема од животот на ЛГБТ заедницата? Каде е македонската кинематографија наспрема европската во овој контекст?

Како до билети?

НАПОМЕНА: Билетите се достапни на принципот „прв дојден, прв услужен“.

Бесплатните билети може да се набават на билетарницата на Кинотека на Македонија надоцна 30 минути пред филмот. Капацитетот на киносалата е 136 седишта. Со оглед на тоа дека станува збор за еднократна филмска проекција, подигнете ги билетите навреме.

Кинотека на Македонија е лоцирана на ул. Никола Русински бр. 1. Работното време на билетарницата е секој ден од 17:00 до 20:00 часот. Резервации на билети можете да направите на еден од телефонските броеви: +389 2 30 71 814 и +389 2 30 65 968.

Ве известуваме дека нема повеќе билети за оваа филмска проекција. Ви благодариме на разбирањето. Се гледаме на кино!

За филмот

„Слаткарот“ бележи 18 награди и 12 други номинации на реномирани филмски фестивали ширум светот. Прогласен за „најдобар филм“ на овогодишното доделување на Наградите на израелската филмска академија кои се сметаат за израелски еквивалент на Оскарите, „Слаткарот“ е официјалниот кандидат на Израел за категоријата „најдобар странски филм“ на претстојните 91. Оскари во 2019 година.

Сиже: Томас, млад германски пекар, има афера со Орен, женет Израелец, кој често патува во Берлин поради бизнис. Кога Орен ќе загине во сообраќајна несреќа во Израел, Томас патува во Ерусалим за да најде одговори за неговата смрт. Под измислен идентитет, Томас се инфилтрира во животот на Анат, вдовицата на неговиот љубовник, која е сопственик на едно кафуле во Ерусалим. Тој почнува да работи за неа - прави германски торти и колачи, кои ќе го вратат во живот нејзиното кафуле. Томас се вклучува во животот на Анат на начин на којшто воопшто не очекувал и за да ја скрие вистината, ја проширува лагата до граници од каде што нема враќање.

Што друго ќе гледате?

Повеќе информации за филмовите во програмата прочитајте со клик овде.

ВРВКИ

ИГРАН ФИЛМ, 98 МИНУТИ, 2018
РЕЖИЈА: ЈАКОВ ГОЛДВАСЕР
3 ДЕКЕМВРИ 2018, 20:00

НУЛА МОТИВАЦИЈА

ИГРАН ФИЛМ, 97 МИНУТИ, 2014
РЕЖИЈА: ТАЛИЈА ЛАВИ
4 ДЕКЕМВРИ 2018, 20:00

СПАСУВАЈЌИ ГО НЕТА

ИГРАН ФИЛМ, 90 МИНУТИ, 2016
РЕЖИЈА: НИР БЕРГМАН
5 ДЕКЕМВРИ 2018, 20:00

СЛАТКАРОТ

ИГРАН ФИЛМ, 113 МИНУТИ, 2017
РЕЖИЈА: ОФИР РАУЛ ГРЕЈЗЕР
6 ДЕКЕМВРИ 2018, 20:00

НА МАПАТА

ДОКУМЕНТАРЕЦ, 85 МИНУТИ, 2016
РЕЖИЈА: ДАНИ МЕНКИН
7 ДЕКЕМВРИ 2018, 20:00

СИРИСКИОТ ПАЦИЕНТ

ДОКУМЕНТАРЕЦ, 55 МИНУТИ, 2017
РЕЖИЈА: РАХЕЛИ ШВАРЦ
7 ДЕКЕМВРИ 2018, 20:00

Настанот се организира со логистичка поддршка од Кинотека на Македонија и Acta Non Verba.
Генерален спонзор на манифестацијата е Министерството за надворешни работи на Израел.