Премини до содржината Премини до подножјето
Се вчитува Настани

« Сите настани

  • Овој настан е завршен.

Пас

25 октомври 2018 @ 20:00 21:30

Oд номинираниот за Оскар и добитник на Еми и БАФТА награди Данкан Кенворти – продуцент на филмовите „Четири свадби и еден погреб“ (Four Weddings and a Funeral), „Нотинг Хил“ (Notting Hill), „Вистинска љубов“ (Love Actually) и „Законот за заштита на децата“ (The Children Act) – а во соработка со Toledo Productions од Лондон, Обединето Кралство, најавуваме филмска проекција на „Пас“.

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, во рамките на европската акција #ФудбалскиЛуѓе на Мрежата ФАРЕ која ги обединува навивачите, клубовите, етничките малцинства и маргинализираните заедници кои се мета на дискриминација ширум континентот во заеднички напор дискриминацијата да стане дел од минатото, организира премиерна проекција на британскиот филм „Пас“ во Македонија. Настанот е отворен за сите, а заинтересираните претходно треба да направат резервација на билети.

Пас“ (2016) е филм во кој настапуваат Расел Тови и Аринзе Кени, а во режија на Бен А. Вилијамс, базиран на драмскиот текст од Џон Донели. Филмот се занимава со прашањето на хомосексуална врска меѓу двајца англиски фудбалери и како се одвиваат нивните животи во раздобје од една деценија. Филмот беше номиниран на Наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности во 2017 година, во категоријата извонредно деби на британски сценарист, режисер или продуцент, и тоа Џон Донели (за сценарио) и Бен Вилијамс (за режија).

Синопсис

Двајца млади, стрејт фудбалери од Премиер лигата делат хотелска соба ноќта пред клучен натпревар. Од никаде, едниот го бакнува другиот. Емоционалното влијание на овој „пас“ се одигрува во текот на следните десет години од нивните животи – деценија исполнета со успеси и падови, тајни и лаги, во спортскиот свет каде имиџот е сѐ.

Бесплатни билети можете да резервирате преку нашата е-пошта со наведување на име и презиме, телефон и број на билети. Капацитетот на киносалата бр. 3 е 80 седишта. Со оглед на тоа дека станува збор за еднократна филмска проекција, ве молиме резервирајте билети навреме. Билетите се достапни на принципот „прв дојден, прв услужен“. Заради фер распределба на билетите и шанса да се погледне филмот, набавете само онолку билети колку што реално ви се потребни.

Детали

Датум:
25 октомври 2018

Почеток:
20:00

Времетраење:
88 минути

Цена на билет:
Бесплатно

Организатор

+389 76 733 630

Посети веб-сајт

Локација

Skopje City Mall
Скопје, РСМ
+ Google Map
+389 2 3074 477
Посети веб-сајт

спонзори и соработници

Огромна благодарност до сите наши партнери за нивниот придонес.

Skopje Pride

23

СКОПЈЕ
24 ЈУНИ

ГЛАСНИ И ГОРДИ!

#SkopjePride

Скопска парада на гордоста
Парк „Жена-борец“, 17:00

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
ILGA-Europe
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

КВИР СКВЕР Скопје © 2024. Сите права се задржани.
Твојата поддршка ни значи!
Направи парична донација
Донирај