Национална тркалезна маса: Справување
со хомофобијата во македонскиот фудбал

26 февруари 2018

10:00 - 13:00 часот

ЕУ ИнфоЦентар, Скопје

Задолжителна регистрација

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, кое стои зад иницијативата „Фудбалот против хомофобијата“ во Македонија, ја организира првата национална тркалезна маса во земјата на тема справување со хомофобијата во фудбалот и адресирање на проблемот со антигеј јазикот што често се користи во фудбалот. На панел-дискусијата имаме намера да доведеме на исто место претставници од интернационалната кампања Фудбалот против хомофобијата, Мрежата ФАРЕ, УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија, играчи од националниот фудбалски тим, тренери, судии, ЛГБТ+ невладини организации и други кои заеднички ќе поразговараат за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТ+ луѓето во фудбалот - на трибините на стадионите, на теренот, во соблекувалните, а воедно да го дисеминираме прирачникот Фудбалот против хомофобијата, изработен на македонски јазик, наменет за употреба од фудбалските фанови, клубови и власти. Настанот е отворен за сите кои сакаат да присуствуваат, а заинтересираните треба да го пријават своето учество.

Пријави го твоето учество на настанот

Во моментот има 0 слободни од вкупно 30 предвидени места. Ве молиме регистрирајте се навреме доколку сакате да земете учество на настанот.

Овој настан се реализира со финансиска поддршка од Pride Sports и Football v Homophobia во соработка со FARE Network, а со логистичка поддршка од ЕУ ИнфоЦентарот во Скопје.

Ве покануваме на македонската
премиера на британскиот филм
„Пас“, на 25 октомври 2018 во
киното Cineplexx во Скопје, сала 3
со почеток на проекцијата во
20 часот. Билетите се бесплатни.
ПОВЕЌЕ ИНФО »