Се вчитува Настани

« Сите настани

  • Овој настан е завршен.

Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал

26 февруари 2018 @ 10:00 13:00

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, кое стои зад иницијативата „Фудбалот против хомофобијата“ во Македонија, ја организира првата национална тркалезна маса во земјата на тема справување со хомофобијата во фудбалот и адресирање на проблемот со антигеј јазикот што често се користи во фудбалот. На панел-дискусијата имаме намера да доведеме на исто место претставници од интернационалната кампања Фудбалот против хомофобијата, Мрежата ФАРЕ, УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија, играчи од националниот фудбалски тим, тренери, судии, ЛГБТ+ невладини организации и други кои заеднички ќе поразговараат за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТ+ луѓето во фудбалот – на трибините на стадионите, на теренот, во соблекувалните, а воедно да го дисеминираме прирачникот Фудбалот против хомофобијата, изработен на македонски јазик, наменет за употреба од фудбалските фанови, клубови и власти.

Настанот е отворен за сите кои сакаат да присуствуваат, а заинтересираните треба да го пријават своето учество.

За настанот има 30 предвидени места. Ве молиме, доколку сакате да земете учество, регистрирајте се навреме преку нашата е-пошта со наведување на име и презиме, телефон и, опционално, организација или институција од која доаѓате.

Во прилог погледнете ги програмата, соопштението за медиуми, фотографиите и препораките од настанот.

Детали

Датум:
26 февруари 2018

Почеток:
10:00

Крај:
13:00

Цена на билет:
Бесплатно

Организатор

+389 76 733 630

Посети веб-сајт

Локација

ул. Кирил и Методиј бр. 52Б
Скопје, РСМ
+ Google Map
+389 2 3296 363
Посети веб-сајт

спонзори и соработници

Овој настан се реализира со финансиска поддршка од Pride Sports и Football v Homophobia во соработка со FARE Network, а со логистичка поддршка од ЕУ ИнфоЦентарот во Скопје.