КВИР СКВЕР е приватна, непрофитна, непартиска, невладина организација која преку културен и медиумски активизам работи на подобрување на позицијата на ЛГБТ+ луѓето и нивниот пристап до човековите права во Република Северна Македонија. Нашето дејствување е насочено кон остварување сензибилизација на општеството за сексуалниот и родовиот диверзитет и подигнување на јавната свесност за човековите права на ЛГБТ+ луѓето, а во контекст на создавање услови за прифаќање на различностите и унапредување на социјалниот и законскиот статус на оваа заедница во нашата земја.
Визија и мисија
Нашата визија е креирање на општество без предрасуди, дискриминација и страв од насилство, каде сите луѓе – без оглед на нивните лични карактеристики – ќе имаат еднакви можности да ги остварат своите потенцијали во приватниот живот и на работното место. Нашата мисија е негување на различностите како општествена придобивка и работење на создавање услови за социјална инклузија и прифаќање на ЛГБТ+ луѓето, правејќи го тоа преку културен и медиумски активизам.
Нашата визија е креирање на општество без предрасуди, дискриминација и страв од насилство, каде сите луѓе – без оглед на нивните лични карактеристики – ќе имаат еднакви можности да ги остварат своите потенцијали во приватниот живот и на работното место. Нашата мисија е негување на различностите како општествена придобивка и работење на создавање услови за социјална инклузија и прифаќање на ЛГБТ+ луѓето, правејќи го тоа преку културен и медиумски активизам.
Програма
Програма
Основни цели и задачи на КВИР СКВЕР се:
- информирање и едуцирање на граѓаните за човековите права и слободи општо, согласно Универзалната декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и други меѓународни договори ратификувани од Северна Македонија и законските акти во оваа област во рамките на националната легислатива;
- промовирање на еднаквост и недискриминација во обид да се креира инклузивно општество кое ќе ги слави и поттикнува различностите како суштинска вредност, овозможувајќи реализирање на потенцијалите на луѓето, без оглед на нивните лични карактеристики (вклучително нивната сексуална ориентација и родов идентитет), и придонесувајќи во остварувањето на поквалитетен живот, работно опкружување и услови за напредување;
- поттикнување и негување на квир културата во национални и интернационални рамки;
- оснажување на ЛГБТ+ луѓето, јакнење на нивната самодоверба и самопочитување;
- зголемување на општествената и медиумската видливост на ЛГБТ+ заедницата;
- подигнување на јавната свесност за ЛГБТ-фобијата, штетните последици од таквите однесувања и потребата од заземање и постапување против овие појави;
- подобрување на репрезентацијата на ЛГБТ+ луѓето во медиумите, културата, спортот…
Своите цели и задачи здружението ги остварува преку следниве активности кои може да се сметаат за примарни: организирање на конкретни програмски активности; соработка со други организации од земјата и странство; спроведување на сопствени и заеднички проекти; конференции, семинари, обуки и друг вид на активности; културно-уметнички проекти, настани и манифестации; спортски проекти, настани и манифестации; издавање публикации во електронска или печатена форма; медиумски кампањи; поттикнување на иницијативи пред надлежните органи и институции и соработка со нив во насока на остварување на целите и програмата за работа на здружението или целите на конкретен проект; медијација; и други.
Е-ИНФОРМАТОР
Доколку сакате да бидете во тек со новините и активностите на КВИР СКВЕР, регистрирајте се на нашата мејлинг листа.
Со регистрацијата на мејлинг листата изречно потврдувате дека ја прифаќате Политиката за приватност на веб-сајтот и се согласувате да добивате повремени е-пораки од КВИР СКВЕР Скопје на вашата е-пошта. Забелешка: На вашата е-пошта ќе стигне порака од нас со линк на кој треба да кликнете за да ја комплетирате регистрацијата.