ЛГБТ+ луѓето и КОВИД-19
Услуги и поддршка кои организациите-членки на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија ги нудат за времетраење на пандемијата на КОВИД-19
За нас
Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје е основано во септември 2017 година.
Нашата визија е креирање на општество без предрасуди, дискриминација и страв од насилство, каде сите луѓе – без оглед на нивните лични карактеристики – ќе имаат еднакви можности да ги остварат своите потенцијали во приватниот живот и на работното место. Мисијата на Здружението е негување на различностите како општествена придобивка.
Основни стратешки цели кои ги имаме зацртано пред нас се остварување сензибилизација на граѓанското општество за сексуалниот и родовиот диверзитет и подигнување на јавната свест за човековите права на ЛГБТ+ луѓето.
Нашиот тим
Нашата млада, мала невладина организација преку културен и медиумски активизам се стреми да придонесе во подобрувањето на позицијата на ЛГБТ+ граѓаните и нивниот пристап до човековите права и слободи.
За еднакви права и можности за сите
Skopje Pride
Во 2019 година се одржа првата Парада на гордоста во Скопје. По втор пат беше одржана во 2020 година, но овој пат виртуелно поради пандемијата на КОВИД-19.
Настани
Five Films for Freedom 2021
Мрежата ФАРЕ против хомофобијата: Што е следно за ЛГБТИК+ правата и фудбалот?
Пријателка
Марио
Фантастична жена
Слаткарот
Новости
Е-ИНФОРМАТОР
Доколку сакате да бидете во тек со новините и активностите на КВИР СКВЕР, регистрирајте се на нашата мејлинг листа.