Граѓански организации кои нудат советување и тестирање за ХИВ за ЛГБТ+ луѓе.
Советувањето и тестирањето за ХИВ е бесплатно и доверливо, се спроведува од обучени советувачи и медицинско лице – лаборант. ХИВ-тестот е брз и се прави со капиларен примерок (една капка крв од прст на рака), а резултатите се добиваат за 30 минути. Услугата е овозможена од понеделник до петок, од 13 до 21 часот. Повеќе информации на нивниот веб-сајт, на е-пошта или на телефоните 02/3220-851 и 078/431-866.
ХЕРА располага со мобилни амбуланти за доброволно советување и тестирање за ХИВ. Во нивните две соодветно опремени комбиња, клиентите може доверливо и бесплатно: да се информираат за ризикот и превенцијата од ХИВ, да го дознаат својот ХИВ-статус (со брзи ХИВ-тестови кои се прават со крв од прст на рака и се готови за 30 минути), да се информираат како да го намалат ризикот од пренос и инфекција со ХИВ во иднина, да добијат поддршка и да бидат препратени до сервис за психосоцијална поддршка за луѓе што живеат со ХИВ доколку има потреба, и да добијат кондоми, лубриканти и информативни материјали. Повеќе информации за овој сервис на нивниот веб-сајт.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ од Скопје, меѓу другите услуги, нуди советување и тестирање за ХИВ, бесплатно и анонимно, со фокус на клучните групи засегнати од ХИВ, секоја среда од 12:00 до 15:00 часот. Работи со закажување на телефоните 02/3129-200 и 078/235-632. Повеќе информации на нивниот веб-сајт.
СТАР, првиот колектив на сексуални работници на Балканот, спроведува теренски активности за дистрибуција на пакети за заштита од КОВИД-19 (заштитни маски и ракавици, гелови за дезинфекција) покрај превентивниот основен пакет (кондоми и лубриканти). Повеќе информации на нивниот веб-сајт или на телефонот 02/3232-411.
ХОПС, меѓу другите услуги, исто така спроведува теренски активности преку контактирање на нивните клиенти по телефон, подготовка на пакети со кондоми, лубриканти и брошури, кои во договорено време и место се дистрибуираат до клиентите. Повеќе информации на нивниот веб-сајт, на е-пошта или на телефоните 02/3246-205 и 02/3246-210.