Граѓански организации кои нудат правна помош и советување за ЛГБТ+ луѓе.
Субверзивен Фронт, меѓу другото, обезбедува правно советување и информирање, правна помош и застапување за ЛГБТ+ луѓе во соработка со адвокати и правници од Македонското здружение на млади правници (дискриминација, говор на омраза и кривични дела од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, барање на азил и привремена заштита поради прогон врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, родово-базирано насилство и склучување истополови партнерства/бракови во странски земји). Повеќе информации на нивниот веб-сајт, на е-пошта или на тел. 02/6090-779.
Коалиција Маргини нуди бесплатна правна помош и советување. Повеќе информации на нивниот веб-сајт, на е-пошта или на тел. 075/207-187.
ХОПС на своите клиентите им обезбедува бесплатна правна помош согласно законот, во утврдени часови. Повеќе информации на нивниот веб-сајт, на е-пошта или на телефоните 02/3246-205 и 02/3246-210.