Премини до содржината Премини до подножјето

Граѓански организации кои нудат психосоцијална помош и поддршка за ЛГБТ+ луѓе.

Во рамките на Скопскиот квир центар лоциран во просториите на Субверзивен Фронт функционира Национална линија за советување на ЛГБТ+ лица. На линијата може да се поразговара со стручно лице за прашања или грижи поврзани со соопштување на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, релациски проблеми, депресивно расположение или анксиозност, вознемирување и малтретирање на училиште, насилство во семејството, проблеми на работното место, дискриминација, позитивен ХИВ-статус или прашања поврзани со безбеден секс, суицидни мисли итн. Од бесплатните и доверливи услуги кои ги нуди центарот ги издвојуваме: советување и психотерапија, правно советување, услуги од социјален работник и мобилен тим за психосоцијална поддршка. Сервисот е достапен понеделник, среда и петок од 16:00 до 20:00 часот, и вторник и четврток од 10:00 до 14:00 часот. Телефони за контакт: 075/241-124 и 075/314-123. Повеќе инфо »

Шелтерот за ЛГБТ+ луѓе кои кои претрпеле насилство или се под ризик од бездомништво нуди психосоцијална поддршка на ЛГБТ+ луѓе кои се сместени во Сигурната куќа. 24/7 телефон за контакт: 02/3075-025.

Коалиција Маргини нуди психосоцијална помош и поддршка (во моментов советување преку интернет сесии). Повеќе информации на нивниот веб-сајт, на е-пошта или на телефонот 075/207-187.

Психолошко советување, психотерапија, психосоцијална поддршка, упатување до други сервиси на организацијата или здравствена институција, неформален разговор (разговор по потреба). Советувањето и психотерапијата се одвиваат во индивидуални сесии, како и партнерско и семејно советување, во зависност од потребите на клиентот. Услугите ги спроведува лиценциран психолог и гешталт психотерапевт со долгогодишно искуство. Услугата психолог е достапна во работните денови вторник, четврток и петок од 17 до 21 часот и истата е доверлива и бесплатна. Повеќе информации за сервисот психолог на нивниот веб-сајт, на e-пошта или на телефоните 02/3220-851 и 078/431-866.

Редовни услуги за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – врсничка и психосоцијална поддршка, вклучувајќи и помош во подигнувањето на антиретровирусната терапија и помош за основни прехранбени и хигиенски производи за лица со ХИВ во неповолна социјална положба. Повеќе инфо на нивниот веб-сајт или на тел. 02/3129-200 и 078/235-632.

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
Fare Network
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица (ИЛГА), Мрежата ФАРЕ, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

КВИР СКВЕР Скопје © 2023. Сите права се задржани.

Твојата поддршка ни значи!

Направи парична донација
Донирај