Премини до содржината Премини до подножјето

Македонија се најде на 31-во место на виножитната мапа на водечката европска ЛГБТИ организација ИЛГА-Европа, во која се рангирани 49 европски земји според правната и политичката ситуација со човековите права на ЛГБТИ луѓето. Повеќето држави аспиранти за влез во Европска Унија, вклучително нашата земја, заостануваат во исполнувањето на обврските, одложувајќи го носењето на закони и со тоа ставајќи ги своите граѓани сѐ повеќе во реален ризик од негативни реакции кон нив и поткопување на фундаменталните права.

На виножитната мапата најдобро котираат Малта (88%) на прво, Исланд (83%) на второ и Белгија (78%) на трето место, додека најлоши оценки имаат Русија (2%), Азербејџан (2%) и Турција (5%).

Македонија има остварено само 31% од потребните реформи за унапредување на позицијата и пристапот до човековите права на ЛГБТИ луѓето, а од државите во регионот полошо од нас се рангирани Бугарија со 23% и Романија со 19%. Србија, Косово и Албанија имаат по 36%, Босна и Херцеговина 40%, Црна Гора 48%, Словенија и Хрватска 50%, додека Грција е пред останатите држави на Балканот со 71% и моментално се наоѓа на шесто место во Европа заедно со Финска.

И додека европските земји се соочуваат со обиди за поткопување на слободата и демократијата во услови пораст на крајнодесничарските сили, наодите од најновата ЛГБТИ анкета на Агенцијата на Европската Унија за фундаментални права спроведена и кај нас откриваат дека повеќе од две третини од испитаниците се соочиле со изјави на омраза и значително зголемување на насилството од претходното истражување во 2019 година.

За повеќе информации консултирајте го новиот сајт на виножитната мапа со клик овде.

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
ILGA-Europe
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

CC BY 4.0 DEED. Website Built and Maintained by Fleka
Твојата поддршка ни значи!
Направи парична донација
Донирај