- Овој настан е завршен.
Мрежата ФАРЕ против хомофобијата: Што е следно за ЛГБТИК+ правата и фудбалот?
24 февруари 2021 – 25 февруари 2021
Конференцијата „Мрежата ФАРЕ против хомофобијата“ (24-25 февруари 2021 година) ќе се реализира во склоп на традиционалните февруарски активности во рамките на интернационалната иницијатива „Фудбалот против хомофобијата“ и на неа панелистите ќе се осврнат на и ќе ја анализираат улогата на спортот во исклучувањето на ЛГБТИК+ луѓето.
Во текот на две попладниња, онлајн конференцијата ќе ја прослави улогата на ЛГБТИК+ луѓето во спортот и ќе анализира што уште може и треба да направи фудбалот во борбата против дискриминацијата. На сесиите ќе стане збор за горливите прашања кои влијаат врз правата на ЛГБТИК+ луѓето, вклучително за тоа како мега-настаните можат да се искористат за многу повеќе од истакнување на виножитното знаме и да влијаат на долгорочните промени, како квир лидерството може да издејствува поголема застапеност на и надвор од теренот, како и за регулирањето на женските тела во спортот и многу повеќе.
На настанот ќе земат учество повеќе од 30 говорници од преку 15 земји, меѓу кои се вбројуваат Хелена Дали, комесарка на Европската унија за еднаквост и Малин Бјорк, европратеник и потпретседател на ЛГБТИ интергрупата при Европскиот парламент, претставници од фудбалски федерации, спортски медиуми, невладини организации итн.
Како до билети?
Присуството е бесплатно, но потребно е однапред да се регистрирате за е-билет.
Детали
Прв ден:
24 февруари 2021
15:00-19:00
Втор ден:
25 февруари 2021
16:00-20:00
Цена на билет:
Бесплатно