
- Овој настан е завршен.
Five Films for Freedom 2021
17 март 2021 – 28 март 2021

Во партнерство со BFI Flare: London LGBTIQ+ Film Festival, Британскиот совет секоја година во текот на период од 12 дена ви овозможува бесплатно да погледнете пет кратки филмови со ЛГБТ+ тематика. Преку нивната глобална мрежа во преку 100 земји, тие ги охрабруваат луѓето да ги погледнат филмовите во солидарност со ЛГБТ+ заедниците особено во места каде слободата и еднаквоста се ограничени. Споделете ги филмовите користејќи го хаштагот #FiveFilmsForFreedom како признание на фактот дека љубовта е човеково право.
Од 2015 година програмата ја имаат погледнато повеќе од 15 милиони луѓе кои изгледале еден од филмовите во преку 200 земји и кнежевства, вклучително во многу делови од светот каде хомосексуалноста е криминализирана, а во некои случаи, санкционирана со смртна казна. Од 17 до 28 март 2021 Five Films for Freedom, филмскиот фестивал со ЛГБТ+ тематика, се враќа со одбрани кратки филмови кои може да се гледаат онлајн бесплатно.
Програмата, која опфаќа дела на нови филмски уметници од целиот свет, е селектирана од и се случува истовремено со BFI Flare. Овогодишната програма ви носи квир приказни од Индија, Шпанија, Шведска, САД и Велика Британија.
Повеќе за годинашното седмо издание на Five Films for Freedom и селектираните филмови прочитајте со клик овде.
Како да ги гледам филмовите?
Секој со интернет конекција може да ги погледне сите пет филма во периодот од 17 до 28 март 2021 г. со клик овде.