Премини до содржината Премини до подножјето
Се вчитува Настани

« Сите настани

  • Овој настан е завршен.

Пријателка

27 јуни 2019 @ 20:00 21:30

Во рамките на Месецот на гордоста на ЛГБТ+ луѓето – кога ширум светот се организираат настани во знак на сеќавање на стоунволските демонстрации, првиот бунт на ЛГБТ+ заедницата и нејзините поддржувачи против систематскиот прогон на сексуалните малцинства, што се случија во Њујорк при крајот на месец јуни во 1969 година и претставуваат пресвртна точка во поставувањето на темелите на ЛГБТ+ движењето, односно борбата за еднаквост и почитување на човековите права и слободи на ЛГБТ+ луѓето – ви најавуваме филмска проекција на „Пријателка“.

Скопски филмски фестивал и Млади артивисти за промена во соработка со Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје организираат проекција на играниот филм „Пријателка“, кој ни ги доближува проблемите и предизвиците со кои се соочуваат геј-луѓето во општество каде истополовата љубов е забранета, а хомосексуалноста е кривично дело за кое следува затворска казна од 5 до 14 години.

„Пријателка“ („Rafiki“) е кениски драмски филм во режија на Ванури Кахиу. „Пријателка“ е приказна за пријателството и деликатната љубов која се развива меѓу две млади жени, Кена и Зики, и покрај семејните и политичките притисоци околу правата на ЛГБТ+ луѓето во Кенија. Филмот ја имаше својата интернационална премиера во програмата „Un Certain Regard“ (во превод „одреден поглед“ или „од друга гледна точка“) во рамките на Канскиот филмски фестивал во 2018 година; инаку тоа беше првиот кениски филм прикажан на фестивалот.

Синопсис

„Добрите кениски девојки стануваат добри кениски сопруги“, но Кена и Зики копнеат за нешто повеќе. И покрај политичкото ривалство меѓу нивните семејства, девојките истрајуваат и остануваат блиски пријателки, поддржувајќи се меѓусебно во следењето на своите соништа во конзервативно општество. Кога љубовта процветува меѓу нив, тие ќе бидат приморани да направат избор меѓу среќата и безбедноста.

Бесплатните билети можете да ги подигнете на билетарницата на градско кино МИЛЕНИУМ во Скопје. Капацитетот на киносалата е 510 седишта. Со оглед на тоа дека станува збор за еднократна филмска проекција, ве молиме подигнете ги билетите навреме. Билетите се достапни на принципот „прв дојден, прв услужен“. Заради фер распределба на билетите и шанса да се погледне филмот, подигнете само онолку билети колку што реално ви се потребни.

Детали

Датум:
29 јуни 2019

Почеток:
20:00

Времетраење:
82 минути

Цена на билет:
Бесплатно

Организатор

+389 76 733 630

Посети веб-сајт

Локација

Кеј 13-ти Ноември, ГТЦ
Скопје, РСМ
+ Google Map
+389 2 3120 389
Посети веб-сајт

спонзори и соработници

Настанот се организира во рамките на проектот „Млади артивисти за промена“, кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Холандија во Северна Македонија.

Skopje Pride

24

СКОПЈЕ
22 ЈУНИ

СПЕКТАКУЛАРНО

НЕПОСЛУШНИ

Скопска парада на гордоста
Парк „Жена-борец“, 17:00

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
ILGA-Europe
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

CC BY 4.0 DEED. Website Built and Maintained by Fleka
Твојата поддршка ни значи!
Направи парична донација
Донирај