Премини до содржината Премини до подножјето
Се вчитува Настани

« Сите настани

  • Овој настан е завршен.

Skopje Pride 2021

26 јуни 2021 @ 10:00 17:00

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија има задоволство да ве покани на втората Парада на гордоста во Скопје, која ќе се одржи на 26 јуни 2021 година, под слоганот „Вон ѕидовите!“.

После првата, успешно спроведена парада во 2019 г., оваа година Скопје Прајд повторно се враќа во физичкиот јавен простор. Иако неизвесноста во која нѐ втурна пандемијата на КОВИД-19 е сѐ уште присутна, сепак сме среќни што состојбата се стабилизира и што имаме шанса повторно гордо да зачекориме по скопските улици.

Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“. ЛГБТ+ заедницата, како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори. Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, слоганот го посветуваме на сите ЛГБТ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас. Конечно, слоганот го посветуваме и на сите луѓе во нашата земја, бидејќи изолацијата и затвореноста меѓу ѕидови е нешто што заедно го искусивме изминатиот период и чие надминување стана заедничка цел и желба.

Парадата на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта. Во овие тешки и комплицирани времиња, потребно е, повеќе од кога било, да ги реафирмираме стремежите кон посолидарно, похумано и поправедно општество. Воедно, парадата испраќа порака дека место под сонцето има за секого; таа е и протест и прослава, и болка и радост, и врисок и мелодија. Да останеме свои и да ги поддржиме оние кои тоа засега не го можат.

10:00 – 12:00 Пристигнување на учесниците во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ)

12:00 – 13:00 Марш по улиците на Скопје пропратен со ди-џеј сетови на Соња Исмаил и Вера Вендета. Маршрута: по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд – улица Даме Груев и булеварот ВМРО до крстосницата пред мостот Гоце Делчев – булевар Илинденска покрај Владата на РСМ – Лотус фонтаната на влезот во Градскиот парк – крајна дестинација Школка.

13:00 – 17:00 Програма на Школка во Градски парк

  • обраќања на активисти и претставници на институции
  • настапи во живо на Васил Гарванлиев, Фифи Јаневска и Туна
  • ди-џеј сетови на Ивана Драгшиќ, Узун Баба и Зоки Бејбе

Детали

Датум:
26 јуни 2021

Временска рамка:
10:00-17:00

Цена на билет:
Влезот е слободен

Организатор

Посети го веб-сајтот на организаторот

Локација

Skopje Pride

22

СКОПЈЕ
25 ЈУНИ

Излези за љубов!

#SkopjePride

Достоинство. Еднаквост. Правда.
Парк „Жена-борец“, 17:00

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
Fare Network
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица (ИЛГА), Мрежата ФАРЕ, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

КВИР СКВЕР Скопје © 2023. Сите права се задржани.

Твојата поддршка ни значи!

Направи парична донација
Донирај