
- Овој настан е завршен.
Слаткарот
6 декември 2018 @ 20:00 – 21:45

Во рамките на културната манифестација „Недела на современиот израелски филм“ од 3 до 7 декември 2018 година, ви најавуваме филмска проекција на „Слаткарот“.
Повеќе информации за филмовите во програмата прочитајте овде.
После проекцијата на филмот ќе се одржи получасовна модерирана дискусија за „квир-темите во македонската филмска продукција“ со Шалом Константино и режисерите Ана Јакимска, Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија и Даријан Пејовски, а улогата на модератор ќе ја има новинарот Васко Маглешов. Некои од прашањата кои ќе ги поразговараме со гостите се: Зошто македонските режисери срамежливо или воопшто не ги допира квир кинематографијата? Дали постојат и во кои македонски филмови на суптилен начин или на микро ниво се разработува тема од животот на ЛГБТ заедницата? Каде е нашата кинематографија наспрема европската во овој контекст?
За филмот
„Слаткарот“ бележи 18 награди и 12 други номинации на реномирани филмски фестивали ширум светот. Прогласен за „најдобар филм“ на овогодишното доделување на Наградите на израелската филмска академија кои се сметаат за израелски еквивалент на Оскарите, „Слаткарот“ е официјалниот кандидат на Израел за категоријата „најдобар странски филм“ на претстојните 91. Оскари во 2019 година.
Синопсис
Томас, млад германски пекар, има афера со Орен, женет Израелец, кој често патува во Берлин поради бизнис. Кога Орен ќе загине во сообраќајна несреќа во Израел, Томас патува во Ерусалим за да најде одговори за неговата смрт. Под измислен идентитет, Томас се инфилтрира во животот на Анат, вдовицата на неговиот љубовник, која е сопственик на едно кафуле во Ерусалим. Тој почнува да работи за неа – прави германски торти и колачи, кои ќе го вратат во живот нејзиното кафуле. Томас се вклучува во животот на Анат на начин на којшто воопшто не очекувал и за да ја скрие вистината, ја проширува лагата до граници од каде што нема враќање.
Како до билети?
Бесплатните билети може да се набават на билетарницата на Кинотека на Македонија најдоцна 30 минути пред филмот. Капацитетот на киносалата е 136 седишта. Со оглед на тоа дека станува збор за еднократна филмска проекција, подигнете ги билетите навреме. Билетите се достапни на принципот „прв дојден, прв услужен“. Заради фер распределба на билетите и шанса да се погледне филмот, подигнете само онолку билети колку што реално ви се потребни.
Детали
Датум:
6 декември 2018
Почеток:
20:00
Времетраење:
105 минути
Цена на билет:
Бесплатно