Премини до содржината Премини до подножјето

Фантастична жена

Се вчитува Настани

« Сите настани

  • Овој настан е завршен.

Фантастична жена

10 декември 2018 @ 20:00 21:45

Oд продуцентите на филмовите „Џеки“ (Jackie), „Под лупа“ (Spotlight) и „Тони Ердман“ (Toni Erdmann) и режисерот на филмовите „Глорија“ (Gloria) и „Непослушност“ (Disobedience), а во соработка со дистрибутерската куќа Fox Vision од Белград, Србија, ви најавуваме филмска проекција на „Фантастична жена“.

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, по повод Меѓународниот ден на човековите права, организира премиерна проекција во Македонија на чилеанскиот филм „Фантастична жена“, овогодишниот добитник на Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, ставајќи акцент на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат трансродовите луѓе.

Приказна за Марина, келнерка и пејачка, и Орландо, постар маж, кои се заљубени и ја планираат иднината заедно. Откако Орландо ненадејно се разболува и починува, Марина е принудена да се соочи со неговото семејство и општеството, и повторно да се бори како би им покажала која е таа: комплексна, силна, директна, фантастична.

Синопсис

Некаде во Сантјаго (главниот град на Чиле) во слабо осветлен ноќен клуб, им се сретнуваат погледите на Орландо, љубезен и богат сопственик на текстилна компанија и Марина, надежна пејачка и речиси двојно помлада љубов на неговиот живот. Но, за жал, по прославата на роденденот на Марина и страстната ноќ помината заедно, на Орландо сериозно му се влошува здравствената состојба – и до утрото – тој умира во болница. Соочена со прераната смрт на нејзиниот партнер, Марина наскоро ќе сфати дека, од сега па натаму, сѐ се доведува во прашање: нејзината инволвираност во смртта на Орландо, нивната неконвенционална врска; и пред сè, нејзиното право да го оплакува својот починат сакан. На крајот, што е злочинот на Марина; кое е тоа толку грозоморно дело што би ја лишило оваа фантастична жена од нејзината почит, нејзиното достоинство и, конечно, нејзиниот идентитет?

Бесплатните билети можете да ги подигнете на билетарницата на градско кино МИЛЕНИУМ во Скопје. Капацитетот на киносалата е 510 седишта. Со оглед на тоа дека станува збор за еднократна филмска проекција, ве молиме подигнете ги билетите навреме. Билетите се достапни на принципот „прв дојден, прв услужен“. Заради фер распределба на билетите и шанса да се погледне филмот, подигнете само онолку билети колку што реално ви се потребни.

Детали

Датум:
10 декември 2018

Почеток:
20:00

Времетраење:
104 минути

Цена на билет:
Бесплатно

Организатор

+389 76 733 630

Посети го веб-сајтот на организаторот

Локација

Кеј 13-ти Ноември, ГТЦ
Скопје, РСМ
+ Google Map
+389 2 3120 389
Посети го веб-сајтот на локацијата

Skopje Pride

22

СКОПЈЕ
25 ЈУНИ

Излези за љубов!

#SkopjePride

Достоинство. Еднаквост. Правда.
Парк „Жена-борец“, 17:00

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
Fare Network
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица (ИЛГА), Мрежата ФАРЕ, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

КВИР СКВЕР Скопје © 2023. Сите права се задржани.

Твојата поддршка ни значи!

Направи парична донација
Донирај