Собранието на Република Северна Македонија со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација. Усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред сѐ за граѓаните, информираше во објава на својот фејсбук профил министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Јасно ги дефинира основите на дискриминација, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со меѓународните стандарди и европската регулатива. Воедно ја регулира и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како независно тело составено од професионалци од областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.