Премини до содржината Премини до подножјето

Како одговор на влошувањето на правата на ЛГБТ+ луѓето во некои земји-членки на Европската Унија, посебно во Полска и Унгарија, европратениците на 11 март 2021 година ја прогласија ЕУ за „слободна зона за ЛГБТ+ луѓе“.

Две години откако првата полска локална самоуправа се прогласи за „зона без ЛГБТ+ луѓе“, Европскиот парламент ја прогласи ЕУ за „слободна зона за ЛГБТ+ луѓе“ со резолуција која ја усвои со 492 гласови „за“, 141 „против“ и 46 „воздржани“.

Од март 2019 година, повеќе од 100 полски региони, провинции и општини усвоија резолуции погласувајќи се за ослободени од ЛГБТ+ „идеологијата“. Според овие резолуции, локалните самоуправи треба да се воздржат од поттикнување толеранција кон ЛГБТ+ луѓето и да ја повлечат финансиската помош од организациите што промовираат недискриминација и еднаквост.

Зголемена дискриминација и напади врз ЛГБТ+ луѓето во Полска

Европратениците исто така истакнуваат дека овие „зони без ЛГБТ+ луѓе“ се дел од поширок контекст во кој ЛГБТ+ заедницата во Полска е предмет на зголемена дискриминација и напади, особено растечки говор на омраза од страна на властите, избраните функционери (вклучително актуелниот претседател) и провладините медиуми. Тие воедно изразуваат жалење за притворањето на граѓански активисти за ЛГБТ+ права и нападите и забраните на парадите на гордоста.

Иако Европската комисија ги одби апликациите за финансирање од ЕУ во рамките на својата програма за збратимување на градовите од полските градови кои имаат усвоено такви резолуции, европратениците ги повикуваат институциите да отидат чекор потаму. Комисијата треба да ги искористи сите алатки, велат тие, вклучително процедурите за констатирање на неисполнување на обврските, член 7 од Договорот за ЕУ, како и неодамна усвоената регулатива за заштита на буџетот на ЕУ, а со цел да се адресираат прекршувањата на фундаменталните права на ЛГБТ+ луѓето во ЕУ.

Влошување на ситуацијата во Унгарија

Во резолуцијата на ЕП се споменува и влошувањето на ситуацијата во Унгарија. Во ноември 2020 година, унгарскиот град Наѓката усвои резолуција со која се забранува „дисеминацијата и промоцијата на ЛГБТ+ пропаганда“. Еден месец подоцна, националниот парламент усвои уставни амандмани што уште повеќе ги ограничуваат правата на ЛГБТ+ луѓето, што не го земаат предвид постоењето на трансродовите и небинарните луѓе и го лимитираат нивното право на семеен живот.

„ЛГБТ+ луѓето насекаде во ЕУ треба да ја уживаат слободата да живеат и отворено да ја изразуваат нивната сексуална ориентација и родов идентитет без страв од нетолеранција, дискриминација или прогон, а властите на сите нивоа на владеење ширум ЕУ треба да ги штитат и промовираат еднаквоста и фундаменталните права за сите, вклучително ЛГБТ+ луѓето“, заклучуваат европратениците.

МРЕЖИ И ПАРТНЕРИ

 
ILGA World – The International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association
ILGA-Europe
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Национална мрежа против хомофобија и трансфобија
Skopje Pride
Microsoft
Powered by Project Galileo
WPML
Canva
The Events Calendar
 

Организација-членка на Меѓународната асоцијација на лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални лица, Асоцијацијата за еднакви права за ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

КВИР СКВЕР Скопје © 2024. Сите права се задржани.
Твојата поддршка ни значи!
Направи парична донација
Донирај